МВР: Полицајците пукале во Арачиново, откако еден од нив бил удрен со возилото на осомничените

Полициски службеници денес околу 17 часот во село Арачиново, на улицата „1“ запреле возило „голф“ во кое се превезувале две лица 33-годишниот О.М.  и 20-годишниот Г.М,   кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна, соопштија во понеделникот вечерта од Министерството за внатрешни работи во врска со инцидентот кога припаднции на полицијата отворија оган во споменатото скопско село.

Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник. Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот, соопштуваат вечерва од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М..

На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.