МВР повеќе не го обезбедува Мијалков

МВР донело одлука да го укине обезбедувањето за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков остана без полициско обезбедување. Ваквата одлука била донесена пред празникот, а истото било одлучано и за други поранешни функционери во МВР.

Полициското обезбедување на поранешниот директор му се укинува откако се извршени соодветни безбедносни проценки и е утврдено дека нема потреба од него. Мијалков по напуштање на функцијата во мај 2015 година доби службено полициско обезбедување, кое го користеше и по доаѓањето на Оливер Спасовски на министеското место.

Тогаш  имало безбедносни проценки за можен ризик.
Тој имаше на располагање два автомобили и шет телохранители кои се грижеа за неговата безбедност.