
Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот „Скендербег“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 40-годишниот Е.Ј. од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти.
Меѓутоа, од Министерството од внатрешни работи се тврди дека демонстрантите кои се движеле на потегот од Владата он Министерството за надворешни работи, наводно го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани.
Така МВР инсинуира дека наводно демонстрантите кои со денови протестираат и бараат од Владата да не го прифати ткн француски предлог за надминување на блокадата од Бугарија на македонските евроинтерграции.
Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.