МВР: Работиме на расчистување и утврдување на причините за вчерашната сообраќајка

ФОРО: Курир.мк

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата.

„Како што веќе информиравме, вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевартите „Илинден“ и „Свевти Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки“, се наведува во соопштението на МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци итн. Во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена.