Полицијата распиша меѓународна потерница за осомничен во случајот „Двојник“.
Министерството за внатрешни работи на веб страницата објави дека е распишана меѓународна потерница за Раиф Мифтари од Скопје, осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.
„Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ, пишува на веб страницата на МВР.