Во последните 24 часа се регистрирани се 975 прекршоци на мерката за носење на заштитна маска, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од таму истакнуваат дека во изминатото деноноќие на територијата на државата се издадени решенија за изолација на 593 лица, а 308 граѓани потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека мерките не биле почитувани од шест лица.