МВР санкционираше 90 возачи на мотоцикли во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (23.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 90 возачи.

Од нив, 42 возачи не користеле заштитна кацига, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.