Очигледно е дека ситуацијата во земјата, особено во смисла на животниот стандард на граѓаните од ден во ден станува се’ потешка, па во таа смисла најверојатно и полицијата се подготвувата тренирајќи строгост за својата улога кога власта ќе се соочи со масовни протести, пишува граѓанскиотактивист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски.
„МВР кое не се бави со одговорност, се вежбала на Криволак.
Многу ми е индикативно што веројатно вежбава е за граѓански протести, а уште појако што се вежбаат на слогани „Сакаме леб““, пишува Мицковски во својот најнов од серијата статуси во кои ја критикува актуелната власт на СДСМ.
Во истиот контекст Мицковски во друга објава од денеска на социјалната мрежа жестоко ја критикува власта
-За Југохром владин кредит, за големите загадувачи никаква контрола или казни.
За обичниот граѓанин, најчесто мизерен сопственик на старо возило, црвена налепница и идна забрана да се движи.
За тој што има пари, плус субвенција за хибрид или електрично возило.
Од криминалниот буџет кој Македонија не би смеела да си го дозволи, трошки за загадувањето и животната средина.
На локално ниво, Скопје ќе потроши 300 илјади евра за Европска Нова година.
На министерско ниво, не се бават со граѓанинот.
Е па не може бе другари, келнерката, работникот, прекаријатот кој пали кола или фаќа автобус да ја плаќа и да плаќа за загадувањето, а вие парите да ги ставате или во џеб или да ги фрлате на луксуз и забава.
Еден ден ќе пукне филмот, па стварно полицијата ќе мора да ве брани од демонстранти кои „Сакаат леб“, пишува Мицковски.