МВР синоќа апсеше диви копачи

Голема акција спроведе полицијата вчеравечер во Гевгелија, Велес и Ново Село. Според првичните информации уапсени се околу седум  лица кои се сомничат дека се занимавале со нелегална трговија на артефакти.

Осомничените според неофицијални информации се диви копачи, а претреси биле извршени во повеќе објекти каде веќе се пронајдени икони и археолошки предмети за кои се претпоставува дека имаат голема вредност.

Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денешниот ден.