Момче било ограбено вчера пред банка во Сарај, информира МВР.
„Вчера во 11:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред банка во село Сарај, скопско, три лица со закана со автоматски пушки, извршиле разбојништво над 27-годишниот О.Б. од село Крушопек, скопско, при што му одзеле торба со пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.