За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка.
Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите.
Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.
Од екипа на ИМП констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција.
Во ПС-Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.