МВР со детали за вчерашната трагедија во која загинаа две лица

Во Полициската станица Гостивар вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, на место викано „Скудрински мост“, патничко возило „југо“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(63) од с.Житинени, излетало од коловозот и паднало во р.Радика.

На местото на несреќата починале возачот и сопатничката М.Р.(60).

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.