МВР со зајакнати безбедносни мерки во празничните денови

– Со оглед на глобалните терористички закани од страна на терористичката ИСИЛ, во коишто цели се и верски објекти, како што беа неодамнешните напади во Египет, потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата, стои во соопштението.