МВР- СВР Битола: 11 возачи управувале возило под дејство на алкохол

Полициски службеници од СВР Битола на (22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.