МВР трага по уште шестмина осомничени за настаните од 27-ми април

На барање на Основното јавно обвинителството МВР трага по уште шестмина од вкупно 36 осомничени во врска со настаните од 27-ми април.

Обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Министерот Спасовски посочи дека вчера се трагало по 12 лица, а денеска бројката е намалена на шестмина. Министерството нема добиено допис од обвинителството за распишана потерница по нив.

Додаде дека наредбите за претрес траат 15 дена, а полицијата постапува врз основа на наредбите што ќе ги добие. Според Спасовски  нема повреда на правата во постапката на приведување на лицата, осомничени за настаните од 27 април.