Вчера во 14.30 часот на паркинг на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Л.(39) и Г.С.(33), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 17.30 часот на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(45) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.05.2020 во 19.30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од Полициска станица Кишево го лишиле од слобода З.З.(50) од Кичево поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а при претрес кај пријавениот пронашле и одзеле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.