МВР вели сè уште не се пронајдени лицата кои го симнаа македонското знаме на Попова Шапка, но се работи на случајот

Во 18.05 часот во ЦИК-Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, кратко ни одговорија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.