МВР врши контрола на починато лице на границата

Телото на Дениса се очекува да пристигне од Грција утре.

Министерството за здравство даде дозвола, а сега се очекува Институтот за судска медицина да направи обдукција или ДНК анализа на телото.

При влез на границата, Министерството за внатрешни работи врши контрола на починато лице, велат од Царинската управа.

-При влез мора мртвото тело да се пријави на гранична полиција, притоа треба да има потврда од полиција од државата каде е констатирана смртта врз основа на што нашата полиција издава потврда за влез на мртво лице. Оваа потврда се издава во оригинал и без неа погребалните претпријатија не дозволуваат вршење на закоп. Контролата на починатиот ја врши претставник од МВР. Починатите може да ги подигне исклучиво лиценцирано погребално претпријатие за превоз на умрени лица. При подигање на починати лица нема потреба да присуствува на член на семејство или претставник на судска медицина, објаснуваат од Царинската управа.

Од царински аспект при влез на починато лице не е потребно поднесување на никакви царински документи, бидејќи согласно Царинскиот закон, член 196. од плаќање увозни давачки се ослободени, ковчези со тела, погребни урни со пепел и придружни погребни предмети.