МВР за aкцијаta во Чаир: Крадците од Кисела Вода при приведување ги нападнале полицајците

Полицијата вчера во Чаир приведе три лица кои извршиле тешка кражба во Кисела Вода по што се дале во бегство.

Синоќа (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници“ велат од МВР за настанот.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.