Ракометарот на Бутел, Денис Тот бил донесен во болница без видливи траги на насилство. Ова е последната вест која ја објави Министерството за внатрешни работи кое конечно се огласи и даде информација за ситуацијата со Хрватот по вестите кои беа објавени во медиумите во текот на вчерашниот и денешниот ден.
Иако се говореше дека Тот е претепан и тоа во еден скопски ноќен клуб тоа на крајот се покажа како невистинито затоа што бекот на КАРИЛ бил донесен во бесознание и срцева акција.
-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, -порачаа од МВР.
Тот е во критична состојба и тоа за „Фокус“ го изјави директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.
-Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот, вели -Мојсова за „Фокус“.