МВР за нападот врз семејната пекара на Мисајловски

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 03.40 часот било пријавено дека на улица „Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација.

-По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.