
Министерството за здравство (МЗ) остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата, како што велат од таму, шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници.
„Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор.
„Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите“, пишува во реакцијата на МЗ, во која додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидува да шири страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми“.