Министерството за здравство стапи во контакт со јавните здравствени установи во чија надлежност се модуларните болници, согласно информациите кои ги добивме од здравствените установи, од 18 модуларни болници се користат три како амбуланти, информираат од МЗ за КУРИР.
-Другите модуларни болници не се користат. Во тек е анализа за да се дадат финални препораки за употреба на модуларните болници. Досега се испитани амбулантите под Здравствен дом Скопје и истите може да се користат како амбуланти, велат од министерството за здравство.
Во изјавата за КУРИР посочуваат дека по завршените анализи секоја од клиниките или здравствените домови ќе добие препораки за што може да се користат.