Власта сепак уплатилa пари на сметката на „Старби Интернационал“, фирма која требало да биде посредник во набавка на кинески вакцини, откри на денешниот брифинг претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според документите кои ги поседува, уплатени биле 7.8 милиони долари, поточно 65 долари по вакцина. Како уплаќач на парите е заведено Министерството за здравство.
-Трансакцијата е направена, а дали парите се вратени назад не знаеме, вели Мицкоски.
Скандалот со набавката на кинеските вакцини преку сомнителна фантом фирма, поради што и беше запрен процесот од страна на Кина, пукна уште во март, но засега сè уште нема постапки ни од Антикорупциска ни од ОЈО.