![zivotna sredina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/zivotna-sredina.jpg?resize=696%2C432&ssl=1)
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан Договор за грант во вредност од 3 милиони евра, финансиски средства од швајцарската влада, оперативно управувани од ЕБРД, чиј корисник е МЖСПП.
Како што соопштуваат од Министерството, Договорот ќе биде потпишан од страна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на канцеларија на ЕБРД Скопје, Матео Колангели во присуство амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.