Мажите кои често објавуваат „селфи“ имаат асоцијално и психопатско однесување

Психолози од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години.

Стана и официјално – мажите кои имаат многу селфи фотографии се чудни, а најлоши се оние кои за селфи ги користат филтерите на Инстаграм.

Имено, едно истражување спроведено во Универзитетот во Охајо, покажало дека кај мажите кои објавуваат многу селфи фотографии постои голема веројатност за психопатско однесување.

Кај личноста која за своите селфија користи и филтери, според ова истражување, е присутно поголемо ниво на недруштвено однесување како нарцисоизам и опсесија со сопствената појава. Психолозите Психолозите од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години т.е. на нивните навики со објави на фотографии на социјалните мрежи.

Испитаниците морале да решаваат тестови со кои се испитувала нивната суета, а морале и да споделат информации дали ги средуваат и „дотеруваат“ своите фотографии со филтери…

„Не изненадува фактот што мажите кои објавуваат многу селфи фотографии и трошат многу време на нивна обработка се повеќе нарцисоидни, но ова е прв пат тоа да се потврди и со истражување“, изјавила доцент на Универзитетот во Охајо, Џеси Фокс, која воедно го водела ова истражување.

„Уште поинтересно откритие е тоа што кај таквите личности е поприсутно асоцијалното и психопатско однесување, како и тоа дека се склони кон само-објективизација. Многу мислат дека мажите воопшто не прават такви работи, но дефинитивно ги прават“, рекла Фокс.

Таа додала дека психопатијата е окарактеризирана со импулсивност: „Тие ќе направат фотографија и веднаш ќе ја објават затоа што сакаат да бидат видени“, заклучила Фокс.