Лозарите со претходната Влада на СДСМ беа оставени сами на себе и понижени со ниската откупна цена. Затоа го прашуваме СДСМ зошто од април месец кога е донесен Законот, Министерството не ја донело Методологија и избрало научна институција за пресметување на цената, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Ако СДСМ навистина сакале да им помогнат на македонските лозари немало да ги уништат со толку ниски откупни цени.
Минатата година таа изнесуваше 12-13 денари по килограм предадена „Смедеревка“ и 15-17 денари, а по килограм предаден „Вранец“, додека пак изминатите години беше уште пониска.
Лозарите Владата на СДСМ ќе ја паметат во тоталното безредие.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партнер на лозарите со тоа што производната цена на двете најзастапени вински сорти која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите, и Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а килограм Смедеревка изнесува 18,3 денари, додаваат од Министерството.