Министерството за земјоделство потсетува за актуелниот повик за набавка на добиток од увоз или од од признати организации на одгледувачи: 2022 година е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со рекорден интерес кај сточарите, 130 потпишани договори набавени 3842 грла и инвестирани над 283 милиони денари во сточарството.
Ајде оваа 2023 година да ги зголемиме успесите.
Во тек е јавниот повик за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи. Со оваа мерка даваме поддршка до 10 милиони денари по корисник, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% до 75%.
Искористете ја можноста, крајниот рок за аплицирање е 16.11.2023, соопштија од ова министерство.