МЗТ поразен од Задар

МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и 10.тиот пораз во АБА лигата, откако загуби на гостувањето кај Задар со 74-69 во рамките од 15.то коло на регионалното кошаркарско натпреварување.

Избраниците на тренерот Боби Митев одиграа катастрофално лошо во првиот период од мечот во кој дозволија домашниот состав да има убедливо водство од 27-12. Задар стигна до највисоката предност во 15.тата минута од мечот кога имаа позитива од плус 23 поени разлика и резултат 39-16.

Од тој момент МЗТ Скопје почна да се враќа резултатски, добивајќи ги преостанатите три четвртини, но се што успеа да направи до крајот беше да се доближи на само 3 поени разлика.

МЗТ Скопје немаше одговор за одличните Џејмс Флоренс и Иве Иванов кои беа први стрелци со 24 поени, додека феноменален под обрачите беше Јосип Собин со 15 поени и дури 19 остварени скока.

Предраг Самарџиски повторно беше најдобар играч во составот на МЗТ Скопје со 20 поени и 11 скока. Цветковиќ беше стрелец на 12, а Стефан Синовец на 10 поени.

Следниот меч во рамките од АБА лигата, МЗТ Скопје ќе го игра во недела (04.01.2015) со почеток од 21.00 часот.