![Milos Koprivica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Milos-Koprivica.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претстави второто засилување за натпреварувачката 2024/2025 и тоа на центарската позиција.
Станува збор за Милош Копривица со кого е потпишан едногодишен договор, а кој во досегашната кариера ги носел дресовите на реномирани регионални клубови како Партизан, Мега, Слобода Ужице, Ловќен, Подгорица, Сутјеска, а во МЗТ доаѓа од Унгарија од редовите на Капошвар.
Претходно „Штрковите“ го договорија Американецот, Брандон Слај, а пак нови договори потпишаа Марко Баковиќ и браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Договор со клубот имаат уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.