Легендата на македонската кошарка Дамјан Стојановски го продолжи договорот со МЗТ Скопје на уште една сезона.
Таа ќе биде десетта сезона за него во тимот со кој освои седум и ќе атакува на осмата шампионска титула.
Стојановски е осмиот кошаркар од составот кој триумфираше последната сезона што останува во клубо, поркај Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Бре Ајви, Марко Спасовски, Димитар Иванов и Бојан Величковски, а прв кој го продолжува договорот од оние на кои им истекува.