МЗТ Скопје поведе против Пелистер во финалната серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отворија финалната серија против битолски Пелистер.

Во Скопје, домашниот тим беше за нијанса поквалитетен и поконцентриран, особено во клучните моменти од дуелот, и на крајот заслужено славеше со 82:77.

Во тимот на МЗТ најпрецизен беше Дамјан Стојановски со 15 поени, додека за Пелистер се истакна Планиниќ со 19 поени. Вториот натпревар од финалната серија се игра за четири дена, исто така, во Скопје.