Македонскиот шампион, МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во АБА2 лигата и славеше над Рогашка со 74-54 во вечерашниот меч во СЦ „Јане Сандански“.
Ова за избраниците на Ѓорѓи Кочов беше трето славје во исто толку натпревари во регионалното натпреварување во актуелнава сезона. Словенците ја добија тесно првата четвртина со 20-19 за да во вториот период „металците“ бидат подобри со 15-5 и го преземат водството кое потоа не го испуштија до самиот крај.
Стојановски со 18 поени, 9 скокови, 2 асистенции, 5 украдени топки беше најдобар поединец кај МЗТ, Крстевски уфрли 13 кошеви, додека Омот застана на 11 поени.
Во следното коло „штрковите“ повторно играат дома, а ривал ќе им биде Борац од Чачак.