Кошаркарите на МЗТ Скопје гп дпбија третиот натпревар во финалето на плејофот во домашното првенство, откако убедливо го совладаа Работнички со 95:80 и поведоа со 2:1 во победи.
Бранителот на титулата решавачката предност ја стекна во првото полувреме, кое го доби со 57:42 и овојпат не си дозволи луксуз да ја прокоцка како на претходната средба, кога пред третата четвртина имаше +14. Напротив, составот на Зоран Мартич во последната минута влезе со максимални 95:76, иако пет минути пред крајот противникот се доближи на 81:73 за „металците“.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Синовец со 23 поени, а Александар Цветковиќ запиша 18. Во поразената екипа Душан Кнежевиќ и Димитар Мираковски постигнаа по 14 поени, а Вилијам Колмен забележа 11 поени и осум скока.
Следниот, можеби и последен натпревар од финалето ќе се одигра утре.