Со вечерашната победа од 76:72 (24:16, 15:20, 19:16,18:20), “штрковите” се искачија на првото место на табелата.
Душко Буниќ и Дреновац ја имаа главната улога на паркетот во тимот на МЗТ Скопје.
Буниќ запиша “дабл-дабл” учинок од 18 поени и 13 скокови, додека Дреновац заврши со 18 поени. Стојаноски заврши со 14 поени, а Протиќ со 10 постигнати поени.
Кај Карпош Соколи, Казарновски постигна 22 поени, а Филип Шепа го заврши натпреварот со 21 поен, 6 скокови и 2 асистенции.
Табела:
1. МЗТ Скопје (11 бодови)
2. Карпош Соколи (10 бодови)
3. Фени Индустри (9)
4. Работнички (9)
5. Кожув (9)
6. Куманово (9)
7. Струмица (8)
8. Бест (6)