Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје – Аеродром денеска (19.00 ч) во СЦ “Борис Трајковски” го игра последниот натпревар во АБА лига сезонава, против Раднички. Овој натпревар е од големо значење за македонскиот шампион, бидејќи со победа ќе го освојат шестото место на табелата и ќе си обезбедат место во Еврокупот, втортот по квалитет клупско натпреварување во Европа.
Затоа поддршката од навивачите е неопходна па влезот во СЦ “Борис Трајковски” е слободен. МЗТ Скопје – Раднички е еден од двата денешни натпревари од последното коло во регулрниот дел од сезоната во АБА лига. На вториот натпревар словенечкиот тим Крка, кој исто така се бори за шестото место на табелата ја пречкува екипата на Солнок.