![фени](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/feni.jpg?resize=295%2C171&ssl=1)
Фени Индустри со вчерашната победа ја заокружи лошата полусезона која шампионот МЗТ Скопје ја имаше годинава.
Домашните славеа со 90:79 (34:35, 17:14, 18:15, 21:15), а за одбележување е првата четвртина во која беа постигнати 69 поени, што е рекорд кога е во прашање домашната кошарка.
Фени на овој меч беше предводен од Адам Кемп кој постигна 18 поени, а веднаш зад него се најде Караџовски со 17. Кај МЗТ Скопје најдобар стрелец на мечот беше Босанецот Шеховиќ со 20 уфрлени поени, а одличен на мечот беше и Цветковиќ со 14 поени.
Фени со овој триумф се израмни на табелата со МЗТ и сега двата тима имаат скор од 6 победи и 4 порази.