![normal_STJ_7629](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/normal_STJ_7629.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отвори новата сезона во регионалната АБА 2 лига, откако триумфираше вечерва во воведното коло на турнирот во Златибор над Младост Земун со 97:90 (50:45)
Дамјан Робев со 28 поени и беспрекорен удар за „тројка“ и Немања Милошевиќ со 20 кошеви беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, кој во второто коло за противник ќе ја има екипата на Рогашка од Словенија, в четврток со почеток во 21 часот.
Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, дебитантот во регионалното натпреварување Пелистер, во првото коло на турнирот во Златибор се среќава со црногорскиот тим Сутјеска во среда со почеток од 15 часот.