Најмалку четири лица загинаа, а 67 се повредени откако патнички воз на компанијата „Метро – Нортх“, излетал од шините во Њујорк, соопшти „АФП“.
Претставниците на локалната полиција прецизирале дека на местото на инцидентот има амбулантни и пожарникарски возила.
„Би-Би-Си“ истакнува дека не се потврдиле првичните информации дека дел од вагоните излетувајќи од шините паднале во вода. Осум вагони од композицијата излегле од шините.
Инцидентот се случил во 07.20 часот по локално време утринава во реонот на Бронкс, соопшти сајтот на телевизијата „Еј-Би-Си“.
„Метро – Нортх“ обезбедува транспортни услуги по едни од најпрометните железнички линии.