Н1: пациентите од загрепската болница немаат коронавирус

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берос, во саботата рече дека двајцата пациенти примени на Клиниката за инфективни болести во Загреб, Фран Михајлевиќ, под сомнение дека имаат коронавирус, не се болни од овој вирус. Тестирањата покажале негативни резултати на коронавирусот, објави хрватската Н1.

По направените тестирања денес, Хрватот кој престојувал во Кина еден месец, бил пуштен дома. Кинезот, пак, кој дошол во Хрватска од Белгија и бил во контакт со неговата мајка која дошла од Кина, бил пуштен од болницата претходно.