На 1 јули се отвора граничниот премин Меџитлија кон Грција

Градоначалникот на грчката општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, најави дека на 1 јули ќе бидат отворени граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники – објави Пасхалидис.

И од двете страни на границата, од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.