На 10 милиони деца од Авганистан им е потребна хуманитарна помош

УНИЦЕФ ќе продолжи да дава хуманитарна помош за Авганистан, која е потребна на околу 10 милиони деца, изјави извршната директорка на организацијата Хенриета Фор.

– Нашата посветеност кон децата во Авганистан е непоколеблива и нашата цел е да се осигураме дека правата на секое од нив се реализирани и заштитени, рече таа, нагласувајќи дека УНИЦЕФ „ќе остане на местото сега и во блиска иднина“.

Фор додаде дека во моментов на околу 10 милиони деца во Авганистан им е потребна хуманитарна помош за да преживеат.

– Според проценките, околу еден милион деца оваа година ќе се соочат со неухранетост и би можеле да починат доколку не се лекуваат,  рече Фор.

Таа посочи дека околу 4,2 милиони млади Авганистанци не одат на училиште, од кои повеќе од половина се девојчиња.

Од јануари оваа година, претставниците на ОН регистрираа повеќе од 2.000 случаи на прекршување на правата на децата во Авганистан. Околу 435.000 жени и деца во земјата се внатрешни бегалци.

УНИЦЕФ предвидува дека потребата за хуманитарна помош во Авганистан ќе се зголеми во наредните месеци поради тешката суша и тешките последици од пандемијата на коронавирус.

– Ова е мрачната реалност со која се соочуваат авганистанските деца и останува таква и покрај сегашните политички случувања и промените во владата, рече