На 123 години почина најстариот жител на Русија

Најстариот маж во Русија, 123-годишниот жител на руската република Ингушетија, Апаз Илиев, починал во петокот во тамошниот клинички центар, пренесуваат руските медиуми.

„Апаз Лоросович преживеа смени на епохи и поколонија, подигнал осум деца, 35 внуци, повеќе од 20 правнуци. Секогаш останувам со стариот љубезен човек кој го сакаше животот, во што не еднаш се убедував во текот на личните средби“, напиша на социјалните мрежи челникот на ингушетскиот регион Јунус-Бек Евкуров.

Според неговата служба за односи со јавноста, во понеделникот старецот бил примен во клиничкиот центар во сериозна состојба со оштетувања на повеќе органи. Тој бил во кома. Евкуров го посетил во петокот и разговарал со лекарите и роднините на Илиев.

Апаз Илиев се родил на 1-ви март 1896 година во селото Гули во планинскиот Џеирхарски регион на Ингушетија. Неодамна локалните власти објавија дека ја запопчнале процедурата за негово признавање како најстар човек на планетата.