
Преку телефонскиот број за донации 143-400 за поплавеното население по силното невреме кое го зафати Скопје се собран и пет милиони денари за 48 часа.
Александра Ристевски од Црвениот крст за Курир информира дека досега собрани се 5,5 тони вода и доставена е храна за 10.000 лица. Таа додава дека голем број компании обезбедуваат разни донации, а дел од нив имаат обезбедени и волонтери кои ќе му помогнат на населението во справување со последиците.
Се очекува Црвениот крст наскоро да излезе со официјално соопштение во кое ќе биде наведен и износот дониран преку жиро сметките.