На 5-ти февруари говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп следната седмица ќе го одржи годишниот говор за состојбата на нацијата, кој беше одложен поради делумната блокада на американската влада, откако ја прифати претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократсата Ненси Пелоси.

Телевизискиот пренос на обраќањето од Претставничкиот дом, сега договортено на 5-ти февруари, на претседателот Доналд Трамп му овозможува директно да апелира на американската јавност да ја поддржи неговата политика, вклучително и барањето со законот за буџетот Конгресот да го финансира граѓањето на ѕидот по должината од американската граница со Мексико.

Говорот беше предвиден за 29-ти февруари, меѓутоа челничката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го откажа минатата седмица велејќи дека не би требало да се одржи додека не се заврши делумната блокада на владата.

Рекордно долгата блокада, која настана поради спорот меѓу Белата куќа и демократите во Конгресот околку барањето на Трамп за финансирање на ѕидот заврши во петокот по 35 дена, најдолгиот досега, што создаде услови за одржување на годишното обраќање на претседателот.

Во писмото до Трамп од понеделникот, кое го објави на Twitter, Пелоси вели дека двајцата разговарале и договориле нов датум за одржување на говорот. Трамп напиша во одговорот дека му претставува „голема чест да ја прифати“ поканата.

Кон средината на јануари Пелоси предложи да се промени терминот за говорот на Трамп, наведувајќи ја како причина загриженоста поради безнедностни услови поврзани со блокадата, а следниот ден Трамп го спречи патувањето во странство коешто го планираше Пелоси, во потег кој беше оценет како одмазнички.