На 60% обработени податоци од гласачките места, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има 130.000 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ.
На пребројани 60.89% од гласачките места, Силјановска Давкова освоила 44,48% од гласовите, а Пендаровски 20,84%.
Бујар Османи од овие гласови освоил 10,56%.
Зад нив е Максим Димитриевски со освоени 8,72% од овие гласови, а по него е Арбен Таравари со 7,05%.
Билјана Ванковска, на пребројаните гласови освоила 4,83%, а Стевчо Јакимовски 1,02%.
Неважечки ливчиња се 2,51%.