На 7-ми и 8-ми јули Кратово ќе живее во духот на добрата забава со македонска музика

Фестивалот Златни денови Кратово 2023 е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има една цел – да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава.

Токму затоа, како и претходните години, на 7ми и 8ми јули, сите патишта водат во градот на мостовите и кулите кој ќе заживее во ритамот на најубавите поп и народни песни.

Фестивалот започнува во петок, на 7-ми јули во 20 часот, со ѕвездена постава од реномирани уметници. Предводници во првиот фестивалски ден ќе бидат дел од Мераклиите од Мерак Меана како Јордан Митев кој на фестивалската сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот за истата кој е снимен токму во Кратово. Потоа едниствената Благица Павловска, Елена Андоновска, Горан и Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Душко Георгиевски и сите придружувачи од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне.

Возбудата и забавата ќе продолжат следниот ден, во сабота, на 8-ми јули, кога фестивалот ќе добие посебен тект со постава на врвни уметници од македонската поп – рок сцена. Ламбе АлабакоскиНокаут, СуперхиксНекст Тајм и ДиЏеј Ерик Фокс се гаранција за незаборавна саботна фестивалска вечер.

Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да биде исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.

Посебен шарм на целиот фестивал ќе даде Лила Филиповска.

Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.

Во интерес на добрата забава и традицијата, кратовчани се подготвуваат во полна пареа и ве покануваат на забава за паметење.

Бидете дел од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2023.