На 73 години заштитно лице во кампања за долна облека (ВИДЕО)

Во последната кампања за долна облека на славниот моден креатор Келвин Клајн ќе се слави убавината на жените од 18 до 73 години, а покрај режисерката Софија Копола во неа се појавува и 73-годишната поранешна манекенка и актерка Лорен Хатон.

Во седумдесеттите години од минатиот век Лорен Хатон беше ѕвезда на манекенските писти, чијшто заштитен знак беа раздвоените два предни заба. Се испроба и на големиот екран во легендарниот филм „Американски жиголо“ во кој партнер ѝ беше сега прославениот актер Ричард Гир.

Сега со кампањата за долна облека на брендот „Calvin Klein“ Хатон повторно се враќа во манекенството, а неодамна во Милано заедно со Џелена Нура „Џиџи“ Хадид учестуваше на ревијата модната марка „Bottega Veneta“.

Во пред неколку дена објавеното официјално црно-бело видео на кампањата, покрај Хатон се појавува со уште шест славни жени коишто ги избра режисерката Софија Копола: Кирстен Данст, Рашида Џонс, Лори Хариер, Маја Турман-Хоук – ќерката на актерската двојка Ума Турман и Итан Коук, Натали Лав и Чејс Суи Вондерс. Во кусите снимки тие ги раскажуваат анегдотите од своите животи.

Иако во кампањата и натаму доминираат младите и слабички модели, овој потег претставува уште една промена за споменатиот бренд откако започна да го води креативниот директор Раф Сајмонс. Брендот се обидува да ги вклучи луѓето од различни култури, демографски и етнички заедници, како и возраст, давајќи сеопфатен поглед на американската култура.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=6R2ScktVuHs