На 80 години почина легендарниот тапанар на Rolling Stones, Чарлс Вотс

Тапанарот на легендарниот британски рок-состав Rolling Stones, Чарли Вотс, почина во вторникот во 80-та година од животот, соопшти неговиот агент изразувајќи жалење за заминувањето на „еден од најголемите тапанари во својата генерација“.

„Со голема тага информираме дека почина нашиот драг Чарли Вотс“, се наведува во соопштението на неговиот агент, додавајќи дека музичарот „заминал мирно“ во болница во Лондон во вторникот опкружен од членовите на семејството.

Портпаролот на Вотс уште на почетокот на август соопшти дека музичарот од медицински причини нема да учествува во американската турнеја на бендот, планирана за оваа есен.

Тапанарот кој во април го прослави 80-от роденден, беше член на Rolling Stones од 1963 година. Покрај фротнменот Мик Џегер и гитаристот Кит Ричардс, Чарло Вотс од самиот почеток е член на бендот низ кој минаа и Мик Тејлор, Рони Вуд и Били Вајман.

Вотс во 2004 година во Лондон се лекуваше од рак на грлото. Закрепна по четири месеци борба со болеста во текот ан која шест седмици примаше интензивна терепија со зрачење.

„Чарли беше сопруг, татко и дедо кој сите го сакаа, а како члан на Rolling Stones беше и меѓу најголемите тапанари на својата генерација“, оцени агентот Доерти.