На 82 години почина Жуст Жакен, режисерот на култниот „Емануела“

Францускиот режисер и фотограф Жуст Жакен, кој го режираше култниот еротски филм „Емануела“, починал во вторникот на 82-годишна возраст, соопшти за AFP во средата портпаролката на семејството.

„Жуст Жакен, на пошироката јавност најпознат како режисер на филмот ‘Емануела’ со Силвија Кристел во главната улога, почина на 6-ти септември во Бретања по долго боледување на 82 години (…) Почина во кругот на семејството, сопругата Ана, вајарка, и ќерката Жули, фотографка“, се наведува во изјавата на неговиот агент.

Филмот „Емануела“ многумина го сметаат за социјален феномен. Филмот кој зборува за сексуалните авантури на млада жена во Азија се здоби со голем меѓународен успех, од Јапонија до САД., Во кината ширум светот го гледале неколку десетици милиони гледачи, но доколку се земат предвид и другите медиуми и платформи, бројката е многу поголема.

Најголемата гледаност ја имал во Франција во 1974 година, кога биле евидентирани речиси 9 милиони гледачи. На репертоарот на кината на париските Елисејски полиња се задржа цели 13 години. Филмот и денеска е достапен за гледачите, може да се гледа на платформата на Amazon, а во 2020 година беше извесно време достапен и на корисниците на Neflix.

И натаму филмот не им се препорачува на помладите од 16 години, иако некои ги вбројуваат во категоријата „романтични“ филмови. „Емануела“ е адаптација на истоимениот еротски бестселер кој во 1959 година го објави Емануела Арсан. Во 1972 година продуцентот Ив Русе-Руар, сакајќи проектот да му го довери на некој млад режисер го контактирал фотографот Жуст Жакен, кој одушевено ја прифатил режијата и снимањето на игран филм.

Потоа Жакен започна со режијата на еротската драма под наслов „Приказната за О“, а потоа повторно со Силвија Кристел во главата улога и „Љубовникот на Леди Чатерли“ според истоимениот роман на Дејвид Херберт Лоуренс. Неговиот опус во овој жанр го сочинуваат вкупно осум филмови.

Филмскиот успех, според некои негови пријатели, ги ставил во втор план некои од другите таленти на Жакен. Бил одличен фотограф, стручњак за маркетинг и вајар.

Имено, во 1958 година отпатувал како воен фотограф во Алжир во времето на војната за независност каде останал 28 месеци, кога ги фотографирал и „таткото на алжирската нација“ Ахмед бен Бела и мароканскиот панафриканист ал-Махди бен Барки. Потоа работел за списанијата Filipacchi и Mademoiselle Âge tendre.

Подоцна фотографирал познати личности, вклучувајќи ги и познатата разголени снимки на американската актерка Џејн Фонда. Објавувал во списанијата Elle, Marie Claire, Vogue, Sunday Times, Queen, Harper’s Bazaar…

Роден е во 1940 година во Виши, по детството и момчештвото во селото Сен-Марин во Бретања, се преселил во Париз, каде што заедно со сопругата водеше уметничка галерија во којашто изложуваа слики и склуптури, вклучително и сопствените,